Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во серијата Сулејман Величествениот пристигна во Дубровник.
Таа на Инстаграм објави неколку фотографии и видеа од градот и се пофали дека гостувала на роденденската прослава на бизнисменот Мехмет Корутурк.
Таа објави и сторија во која симпатично ја вклучи песната “Црвене јабуке Мало че да се купамо“. Таа пораснала во Германија, па зборувала малку турски, поради што паралелно со снимањето на серијата Сулејман Величествениот го учела јазикот. Во 2013 година, таа го напушти снимањето на серијата.
Актерката е популарна и на Инстаграм, каде ја следат седум милиони луѓе.