ФОТО | “МЕТЈУ ТЕ САКАМ ТОЛКУ МНОГУ И ЗНАМ…“ – Џенифер Анистон трогателно се прости од Метју Пери и ги расплака обожавателите: Погледнете ја пораката што ми ја испрати

Две недели по шокантната смрт на Метју Пери, Џенифер Анистон, му оддаде почит на својот колега од култната и безвременска серија „Friends“ („Пријатели“).

Во својата објава на социјалната мрежа Инстаграм, таа напиша дека најмногу ќе го памети затоа што сите ги насмеал.

Ако не се насмееше, мислеше дека ќе умре“, ова се зборовите што таа ги употреби за најдобро да го опише ликот на нејзиниот добар пријател. 

Џенифер Анистон вели и дека длабоко го сака и дека шестмината од „Fiends“ се „избрано семејство“.

Ох, човеку, ова длабоко ме погоди… Да се ​​збогуваме со нашиот Метју беше луд бран на емоции што никогаш порано не сум го доживеала. Сите ние доживуваме загуба во одреден момент од животот. Губење на живот или губење на љубов. Да бидеп способен навистина да застанеш во овие моменти на тага ти овозможува да почуствуваш моменти на радост и благодарност што некого толку длабоко си сакал. И ние длабоко го сакавме. Тој беше дел од нашата ДНК. Секогаш бевме 6. Ова беше избрано семејство кое засекогаш го смени правецот на тоа кои сме и каков ќе ни биде патот. И богами успеавме. Не насмеа сите. И се насмеа многу и тој. Ги листам пораките што си ги праќавме изминативе неколку недели. Смеа, плач, па пак смеење. Ќе ги чувам засекогаш. Еден ден најдов еден текст што ми го испрати без причина. Тоа кажува се. Погледнете го вториот слајд од објавата…“, пишува Џенифер Анистон, а на друга фотографија прикачила скриншот (слика од екран) од неговата порака на која пишувало: „Кога се смееш ти, ми го правип денот“.

Метју, те сакам толку многу и знам дека сега си целосно мирен и без никаква болка. Разговарам со тебе секој ден… понекогаш речиси можам да те слушнам како велиш – можеш ли да бидеш полуда ? Почивај помал брату! Секогаш ќе ми го разубавуваш денот…“, стои во трогателната објава на Џенифер Анистон.

Оргиналната објава на Џенифер Анистон можете да ја погледнете ОВДЕ.

Да потсетиме дека Метју Пери почина на 28. октомври во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Тој имаше 54 години, а TMZ објави дека актерот бил пронајден безживотно во џакузи, откако тој ден два часа претходно спортувал. Тој беше погребан минатиот петок во Меморијалниот парк „Форест Лон“ во Лос Анџелес, каде што се погребани многу познати ѕвезди како Пол Вокер и Кери Фишер. На неговиот погреб покрај семејството и пријателите дојдоа и колеги од „Friends“.