ФОТО | Нараквица направена од гумите на автомобилот на Шумахер чини 9.600 евра

Автомобилите и предметите поврзани со седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, достигнуваат небесно високи цени, а сега Монгрип продава нараквици со ограничено издание.

Станува збор за нараквица наречена MZ96, која се смета за една од најуникатните предмети поврзани со легендарниот Шумахер. Шампионот никогаш не го носеше, но всушност беше направен од гумите користени на неговото Ферари F310B за време на трката во Монца во 1996 година. Токму во таа година Шумахер стана возач на тимот од Маранело и победи на својот „домашен терен“. Тој стартуваше од третото место и ја постигна првата победа во Монца како возач на Ферари, а тоа беше прв триумф на тимот на оваа патека од 1988 година.

Нараквицата тежи 30 грама, има суптилен дизајн и препознатливи елементи вклучувајќи го и амблемот на змејот што Шумахер го користел на дизајнот на неговите шлемови. Содржи и платина, како и седум дијаманти кои ги симболизираат неговите седум шампионски титули освоени во 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003 и 2004 година.

Заинтересираните купувачи можат да изберат од различни опции, вклучително и големина за да добијат совршено вклопување на нараквицата. Гравирањето е исто така опција, но е ограничено на 16 знаци на задната страна на затворачот. Овој процес додава 10 дена на времето за испорака.