Тен Хaг ги кажа желбите за летниот трансфер прозорец

 – Познати се летните трансфер цели на Манчестер јунајтед. Тренерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг, сака да направи два врвни трансфери – напаѓач и играч од средниот ред – за да се надоврзе на успехот оваа сезона.

Меѓу кандидатите за засилување на офанзивниот ред на Манчестер се Виктор Осимен (Наполи), Хари Кејн (Тотенхем), Госало Рамош (Бенфика) и Мохамед Кудус (Ајакс).

Френки де Јонг (Барселона) или Џуд Белингем (Борусија Дортмунд) се потенцијални засилувања за средниот ред.

Јунајтед би можел да додаде и централен дефанзивец доколку Хари Мегвајер го напушти тимот.