ФОТО | НАСА пред празниците објави спектакуларна фотографија од Вселената: Погледнете како изгледа новогодишна елка среде свемирот
Во пресрет на празниците, НАСА објави комеморативна фотографија од вселената на која се гледа структура која наликува на украсена елка. Се разбира, тоа не е било каков вид на вселенска новогодишна елка. Космосот, би можеле да кажеме, е рамнодушен кон нашите празници.
Оваа композитна фотографија, направена од вселенскиот телескоп „Chandra“ на НАСА, го прикажува најновиот поглед на NGC 2264 – космички феномен познат и како „Кластерот на Божиќното Дрво“. Тоа е збирка на млади ѕвезди во нашата галаксија кои се стари меѓу еден и пет милиони години. Овие ѕвезди се оддалечени околу 2500 светлосни години од нас. Некои се поголеми, а некои помали од Сонцето.
Објавата на НАСА на социјалните мрежи можете да ја погледнете ОВДЕ.