ФОТО | Најмладата милијардерка во светот повеќе не го крие своето ново момче: Наместо акција на тенискиот терен, славниот пар се концентрираше на бакнување и гушкање

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер (26 г.) и актерот Тимоти Шаламе (27 г.) беа „уловени“ како разменуваат нежности на УС Опен, за време на натпреварот Новак Ѓоковиќ – Даниил Медведев оваа недела во Њујорк.

Како што објави магазинот Page Six, 26-годишната ѕвезда од реалното шоу „Кардашијанс“ е фотографирана како нежно му ја става раката околу рамото на своето ново момче додека уживаа во тениска акција на теренот.

слика
Кајли Џенер и Тимоти Шаламе

Популарниот актер се насмевнал и се наведнал кон Кајли Џенер за сладок бакнеж, со видео објавено на социјалната мрежа Х (Твитер) на кое се гледа дека Кајли Џенер лежерно поминува со прстите низ брановидната коса на Тимоти Шаламе.

Двојката седела во делот за славни личности на трибините, недалеку од Лаверн Кокс и Ебон Мос-Бахрач. За спортскиот настан, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе се појавија во соодветни црни комбинации и очила за сонце, додека ѕвездата на „Dine“ носеше бејзбол капа.

Да потсетиме дека Кајли Џенер и Тимоти Шаламе минатата недела ја потврдија врската со бакнежи за време на концертот на Бијонсе на стадионот „SoFi“ во Лос Анџелес. Нивната наводна врска претходно беше нашироко пишувана во американските и британските таблоиди. Всушност, TMZ на почетокот на август напиша дека парот е во врска од април, но дека не сакале да се експонираат претерано. Текстот на TMZ беше објавен откако други медиуми шпекулираа дека раскинале или дека Тимоти Шаламе ја „шутнал“ Кајли Џенер.

слика
Кајли Џенер и Тимоти Шаламе