ФОТО | На турист му наплатиле за сечењето на сендвичот на половина. „Сопственикот: Па, користевме две чинии“
Турист останал со непријатно изненадување откако добил сметка во ресторан на езерото Комо. Имено, му наплатиле две евра повеќе бидејќи сендвичот што го нарачал му го преполовиле.
Неименуваниот маж, кој пристигнал во регионот на езерото Комо од блискиот Милано, нарачал вегетаријански сендвич исполнет со помфрит. Откако го изел, се шокирал кога ја видел повисоката цена на сметката.
Тој ја подмирил сметката без да се пожали на персоналот, но подоцна објавил негативна рецензија на TripAdvisor. Незадоволниот гостин објаснил дека нарачал сендвичот да го сподели со пријател.
„Неверојатно, но вистинито“, напишал човекот покрај фотографијата на сметката на TripAdvisor. На него се гледа дека цената на сендвичот е 7,50 евра, сок чини 3,50, водата 1,50 и еспресото 1,20 евра, а тука е и контроверзниот „diviso da meta“, такса за сечење сендвич кој е 2 евра. .
Сопственикот понуди објаснување
Човекот му дал на ресторанот една ѕвезда на TripAdvisor, што е далеку од просечните четири и пол ѕвезди – врз основа на повеќе од 100 прегледи.
Сопственичката на ресторанот се бранеше на прашањето за спорната такса. „Дополнителните барања имаат цена“, изјави сопственичката Кристина Бјаки за италијанскиот весник „Ла Република“.
„Моравме да користиме две чинии наместо една и времето да ги измиеме двојно, а потоа два подметачи. Тоа не беше само тост сендвич, внатре имаше помфрит.
Таа, исто така, истакна дека клиентот не се пожалил и не го доведувал во прашање наплатата и појасни дека би ја отстранил наплатата од сметката доколку некој протестирал.
TripAdvisor мораше да ги паузира прегледите на рестораните
Оваа практика не е невообичаена во скапите градови и популарните туристички дестинации во САД, каде што понекогаш се наплаќа за споделување оброк. Некои ресторани во Њујорк дури забрануваат споделување.
Бидејќи оваа приказна за ненадејна наплата на услугата стана вирална, TripAdvisor беше принуден да ги паузира прегледите за предметниот ресторан, што беше на удар на лути коментари.
„Поради неодамнешниот настан кој го привлече вниманието на медиумите и предизвика прилив на критики кои не го опишуваат искуството од прва рака, привремено го прекинавме објавувањето на нови прегледи за овој објект“, се наведува на веб-страницата.