ФОТО | Никола Јокиќ ги импресионираше Американците со неговиот нов стајлинг: Србинот се појави како манекен и имаше уште еден натпревар за историја во НБА лигата
Никола Јокиќ знае да ги израдува љубителите на кошарката, но и сите оние кои го сакаат и го следат светот на модата.
Кога ќе ги спои тие две работи, српскиот кошаркар приредува вистинско уживање за сите.
На натпреварот против Бруклин Нетс беше одличен и му ја донесе победата на Денвер Нагетс, а облеката во која пристигна на натпреварот во Њујорк остави силен впечаток кај многумина.
Никола Јокиќ овој пат се одлучи за светла комбинација, бел џемпер, над него долго палто, сиви панталони и бели патики.
Според направените фотографии, некои можеби ќе заклучат дека се работи за „манекен“, а не за кошаркар.
Сомборац излезе на теренот и воспостави доминација, како и обично. Натпреварот го заврши со 31 поен, а влезе во историјата бидејќи го престигна легендарниот Ден Изел и стана кошаркарот со најмногу скокови во дресот на Денвер Нагетс.