ФОТО | НОВАК ЃОКОВИЌ ВО ЦРНА ГОРА КУПИЛ ВИЛА КОЈА ВРЕДИ МИЛИОНИ! Погледнете го имотот кој има поглед на море и има приватна плажа: “Ова е вистински луксуз!“

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, купил вила со приватна плажа во луксузната населба Љута во Бока КоторскаЦрна Гора, дознава српскиот весник Blic.rs.

Новак Ѓоковиќ купил имот во близина на вилата на неговиот пријател Југослав Кариќ, кој, според пишувањата, му помогнал да го избере местото. Но, како што обично секогаш се случува, не оди се според планираното и веднаш тенисерот наидол на првите пречки околу новиот имот.

Како што пишуваат соседните медиуми, вилата е во одлична состојба, но Новак и Јелена Ѓоковиќ сакаат да ја уредат по свои стандарди и имаат некои посебни барања, поради што работата е во тек. 

Вилата е слична на другите во луксузната област Љута, а се наоѓа на брегот на морето и има приватна плажа. 

Се работи за огромен имот со куќа која има излез на море. Секој овде има своја приватна плажа. Југослав Кариќ му нашол вила слична како неговата“, потврдил изворот на споменатиот српски весник, додавајќи дека двојката сака уште повеќе да го подобри изгледот на вилата.

Иако не се знае колку Новак Ѓоковиќ платил за имотот, сличната вила на неговиот пријател Југослав Кариќ вреди 1,3 милиони евра. 

Да потсетиме, најдобриот Српски тенисер неодамна престојуваше во Дубровник и Корчула каде уживаше со семејството за време на кратката пауза по Вимблдон.