Новообјавени фотографии се најновиот доказ против Брајан Волш, кој е обвинет дека до смрт ја претепал својата сопруга, Србинката Ана Волш, во нивниот дом во Кохасет.
Извори од истрагата веќе тврдат дека тој ја распарчил, ги ставил посмртните останки и ги фрлил во неколку контејнери на почетокот на јануари. Новите докази се во насока да ги потврдат овие тврдења.
Телото на 39-годишната мајка на три деца сè уште не е пронајдено. Според документите на обвинителството објавени во четвртокот, сопругот на жена од Масачусетс, по потекло од Србија, која исчезна на Нова година, се посомневал дека таа го изневерува. Полицијата ова го смета за мотив за грозоморниот чин.
Ана Волш (39), мајка на три деца по потекло од Србија, последен пат била видена на почетокот на 1 јануари по новогодишната вечера во нивниот дом во Масачусетс со нејзиниот сопруг и семеен пријател, соопштија обвинителите.
Новообјавените фотографии покажуваат како обвинетиот за убиството, Брајан Волш, купил пила и големо количество средства за чистење и како фрла тежок отпад во канта само неколку часа откако неговата сопруга родена во Белград, Ана Волш, мистериозно исчезна.
„Заматената црно-бела снимка од надзорот покажува дека тој носи заштитна маска додека купува голем број предмети како кофи, пили, џогери, кеси за отпадоци и средства за чистење“, се вели во соопштението на обвинителите во случајот.
Друго видео од надзорот покажува како Волш фрла голема црна кеса во ѓубрето пред станбена зграда во Масачусетс, пишува Daily Mail.
Полицијата вели дека има многу посредни докази кои го поврзуваат Брајан Волш со злосторството на новогодишната ноќ, како што се овие видеа, нејзината облека што наводно тој ја фрлил и пребарувањата на Google, за кои велат дека биле извршени за да се научи како убијци да се ослободат од телата.
Обвинителите тврдат дека Брајан кој е агент за недвижнини, ја убил Ана, откако ја открил нејзината афера.
Според судски документи, Ана Волш наводно го поминала Денот на благодарноста во Даблин со мистериозен љубовник. Нејзиното неидентификувано момче ѝ кажало на полицијата дека биле во врска неколку месеци.
Првите знаци дека нешто ѝ се случило на Ана биле откриени кога нејзиниот работодавец од Вашингтон пријавил во полиција дека не дошла на работа и не можел да стапи во контакт со неа.
– Нејзиниот сопруг Брајан ја излажал полицијата дека на 1 јануари, по новогодишната ноќ, Ана заминала од дома кон аеродромот каде имала лет за Вашингтон, велејќи му дека мора итно да се пријави на работа, бидејќи нешто итно се појавило. Истрагата утврдила дека на овој начин Волш купил време да ги отстрани трагите на злосторството“, коментира изворот за странските медиуми.