ФОТО | НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОРОРОТ ВО БЕЛГРАД – Малолетникот испукал до 15 куршуми, се скарал со вратарот по што отворил оган: Убиена наставничката и обезбедувањето а меѓу жртвите има и деца!

Ученик од седмо одделение на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија, утрово со пиштол пукал кон обезбедувањето, наставничката и учениците.

Испукани се 13-15 куршуми, тој најпрвин се скарал со обезбедувањето и кога тој не го пуштил да влезе пукал прво во дворот, па во три деца во ходникот, а потоа во наставничката и учениците во класот, па на двајца им пукал во нозете бидејќи се обиделе да го спречат“, вели извор за српскиот весник Kurir.rs.

Белград, Србија

Засега е потврдено дека животот го загубиле наставничката и обезбедувачот, додека тројца ученици се во критична состојба и се префрлени во болница во главниот град на Србија.

Поради трагедијата што се случи утринава во основното училиште, кога ученик од тоа училиште пукал во учениците и вработените, припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија спроведуваат истрага, соопшти Министерството за образование на оваа земја.

Министерот за образование Бранко Ружиќ веднаш откако дознал за случувањата во училиштето излегол на местото на настанот“, обајвија соседните медиуми.

Сите релевантни информации поврзани со трагедијата и околностите под кои се случила ќе ги соопшти МВР на Србија, а надлежните здравствени установи ќе соопштат за состојбата на повредените“, се наведува во соопштението од Министерството за образование на Србија.