ФОТО | Објавено скандалозно писмо од студентските денови на Барак Обама: “Секој ден фантазирам да водам љубов со мажи…“

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, пишувал за своите фетиши и за тоа како водел љубов со мажи секој ден, но само во својата имагинација. Ова го објави New York Post, цитирајќи преработен дел од негово писмо од 1982 година.

Писмото е старо повеќе од 40 години и е упатено кон поранешна девојка, а повторно се појави во јавноста откако биографот на Барак ОбамаДејвид Гароу, даде долго и интересно интервју за поранешниот претседател на САД.

Во врска со хомосексуалноста, морам да кажам дека верувам дека ова е обид да се отстраните од сегашноста, можеби и одбивање да се овековечи бескрајната фарса на земниот живот. Видете, јас водам љубов со мажи секој ден, но во мојата фантазија“, ѝ напишал тогаш 21-годишниот Барак Обама во 1982 година на својата тогашна девојка Алекс МекНир.

Мојот ум е во голема мера андроген и се надевам дека ќе биде уште повеќе, додека не можам да размислувам во смисла на луѓе, а не жени и мажи. Но, враќајќи се во моето тело, гледам дека сум маж, и физички и во животот и решавам да ја прифатам оваа непредвидена ситуација“, додава тој во писмото.

Алекс МекНир се забавувала со Барак Обама додека тој студирал на колеџот „Оксидентал“ во Лос Анџелес. Таа подоцна преработила одредени извадоци од писмото на Барак Обама, кое историчарот Дејвид Гароу го вклучил во својата книга „Ѕвезда во подем“.

Писмото моментално е во сопственост на Универзитетот „Емори“, кој не дозволува негово фотографирање или отстранување. Пријателот на Дејвид ГароуХарви Клер, рачно ги препишал пасусите и му ги испратил на авторот. Тој исто така испратил делови и до NY Post.

Барак Обама е во брак со Мишел од 1992 година и имаат две деца.

Историчарот Дејвид Гароу вели дека нема ништо необично во младешките размислувања на Барак Обама.

Јас сум историчар, а не психолог, но мислам дека огромното мнозинство од луѓето имаат сексуални фантазии“, одговори тој на NY Post преку електронска пошта.

Претставникот на поранешниот претседател не ја коментираше содржината на ова писмо.