На врвот на листата на 50 најдобри хотели во светот е хотелот Passalacqua на езерото Комо. Сите негови гости се согласуваат дека Passalacqua е совршен во однос на амбиентот, услугата и сè друго – објектот има неверојатна оцена од 9,9 на Booking.
На листата на 50 најдобри, тој ги победи големите и познати хотели како Палатата Бадрут во Сент Мориц, Four Seasons во Фиренца и Роузвуд во Хонг Конг.
Сместена во вила од 18 век, која била поранешен дом на композиторот Винченцо Белини, Passalacqua е креација на семејството Де Сантис. Поставен во спектакуларни терасовидни градини со само 24 соби, хотелот го прикажува најдоброто од италијанската изработка во раскошна барокна елеганција.
24-те хотелски соби се распоредени на три згради, а амбиентот е неверојатен. Најниската цена за ноќевање е околу 1500 евра.