Саудиска Арабија почнува да гради високотехнолошки стадион на врвот на карпата висока 200 метри над Ријад.
Стадионот ќе биде изграден за потребите на Светското првенство во 2034 година што ќе се одржи во оваа блискоисточна земја.
Ќе има 45.000 седишта и ќе го носи името на принцот Мохамед бин Салман.
Денеска беше претставен концептот на овој стадион. Од „Киддија инвестмент компани“, која е задолжена за изградба на стадионот, нагласуваат дека зградата ќе има покрив и терен што ќе се влече и излегува по потреба и стотици метри лед ѕид.
LED ѕидот е дизајниран да отвори поглед на градот долу.
Инвестициската компанија Qiddiya (QIC) е во целосна сопственост на Саудиска Арабија, односно Фондот за јавни инвестиции управуван од самиот Бин Салман. Истиот фонд е сопственик и на англиската Премиер лига.