Опожарена е напуштената галија во близина на хотелот „Холидеј Ин“ во строгиот центар на Скопје.
Екипи на скопската противпожарна бригада се веќе на терен. Интервенираат 12 пожарникари со три противпожарни возила. Во изјава за МИА, командирот на противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, вели дека пожарот е локализиран и се работи на негово гаснење.
Причините за пожарот засега не се познати.
Една од галиите поставени во коритото на реката Вардар во Скопје беше опожарена и во март годинава. Пожарот се случи на 19 март, а полицијата информира дека нема повредени.