ФОТО Погледнете како изгледа бебе родено под урнатините: „Да останеше таму уште еден час, немаше да преживее“.

Ниту еден од членовите на семејството на бебето родено под урнатините на петкатницата не го преживеа земјотресот. Таа моментално се опоравува во детска болница во северна Сирија.

Бебе родено под урнатините на петкатница моментално е во болница во Африн, град во областа Алепо во северна Сирија. Девојчето се опоравува во инкубаторот на детската болница.

Мајката не преживеала, а во земјотресот загинале сите од потесното семејство на бебето, меѓу кои таткото, трите сестри, брат и тетката. 

Вработените во болницата го нарекле детето Аја , „чудо од бебе“, а докторката Хани Маруф открила дека бебето е стабилно. „Тој има неколку скршени ребра, но тоа ќе заздрави со текот на времето“, рекол докторот.

Видеото на кое се гледа како Аја ја извлекуваат од урнатините целосно гола и правлива , со висната папочна врвца, стана вирално низ светот. Во болницата пристигнала во многу лоша состојба, со сини екстремитети и исеченици по целото тело. „Да не ја најдоа на време, ќе умреше за еден час“, рекол докторот. Имено, температурата била под нулата и детето било во опасност од хипотермија. Во моментот на спасување, температурата на телото на Аја паднала на 35 степени. 

Докторот претпоставува дека мајката била во свесна состојба при породувањето, но дека веднаш потоа починала.