Сеизмолог: „Ако земјотреси како оние во Туркије ги погодат Британските Острови, Англија би била пресечена на половина“

„За да ви дадеме претстава за огромниот размер на земјотресот во Туркије, ако ја преклопиме ShakeMap (Програма за опасност од земјотреси на Геолошкиот институт на САД) на Британските Острови, раседот ќе пукне од устието на Северн до Хамбер“.

 Бирмингем, Манчестер, Шефилд и Бристол би биле разорени доколку земјотресите што ја погодија Туркије ги погодат Британските Острови, тврди Стивен Хикс, сеизмолог од Универзитетскиот колеџ „Лондон“ (UCL).

„За да ви дадеме претстава за огромниот размер на земјотресот во Туркије, ако ја преклопиме ShakeMap (Програма за опасност од земјотреси на Геолошкиот институт на САД) на Британските Острови, раседот ќе пукне од устието на Северн до Хамбер. Голем дел од Англија би доживеал земјотреси со јачина од најмалку 7 степени“, напиша Хикс на Твитер.

Овој сеизмолог рече дека зградите на Британските Острови не би издржале толку силен потрес на тлото и дека „Англија во суштина би била пресечена на два дела поради отворањето на руптурата“.

„Се разбира, ова е академски, бидејќи Велика Британија нема толку големи раседи за да се создадат толку големи земјотреси“, рече Хикс, кој го сподели хуманитарниот фонд на Турската Црвена полумесечина за оние кои сакаат да донираат.

„Најмалку 12.873 луѓе загинаа, а 62.937 се повредени во 10 турски области по двата силни земјотреси што ги потресоа јужните делови на земјата во понеделникот“, соопштија властите.