Конечно на Попова Шапка има прекрасна снежна покривка.
Туристите кои викендов одлучија да ја посетат оваа дестинација можат да уживаат во белата глетка на планината.
На фотографиите што ги сподели „Тетово Инфо“ може да се види вистинската снежна идила на овој планински врв.
Според информациите од УХМР, утрово на Попова Шапка беше најстудено во земјава. Измерени беа минус 7 Целзиусови степени. Доколку ниските температури продолжат, тоа ќе овозможи снежната покривка во овој наш скијачки центар да се задржи подолго.