ФОТО | ПОРАНЕШНАТА СЕКС-БОМБА ДЕНЕС ИЗГЛЕДА МНОГУ ПОИНАКУ – Многумина во Париз не ја препознаа Памела Андерсон !?

Поранешната секс-бомба, Памела Андерсон (56 г.), ги привлече сите погледи на модната недела во Париз кога на претставувањето на колекцијата на Изабел Марант пролет/лето 2024 се појави со минимална шминка на лицето.

Со пуштена долга, руса коса, широка насмевка на лицето и многу тенки веѓи, поранешната ѕвезда на „Baywatch“ чекореше во светло жолт фустан без ракави.

слика
Памела Андерсон

На усните нанесе розов кармин, а на образите само руменило од праска. Ноктите ги обои во црвена боја и на тој начин додаде допир на боја на целиот нејзин аутфит.