ЛОНИ ВИЛИСОН, поранешна манекенка и поранешна сопруга на ѕвездата на Baywatch, Џереми Џексон, е фотографирана на улиците на Лос Анџелес, каде што сега живее како бездомник.
Непрепознатливата Лони е фатена како турка количка полна со пластични шишиња и ѓубре покриена со крпи низ улиците, а еден од минувачите и ја дал својата торба полна со шишиња.
„Намерно не се туширам за некој да не ме силува“
Се дозна дека Лони живее како бездомник во 2018 година, кога фотографите ја препознале и ја снимиле. Новинарите кои разговараа со неа тогаш рекоа дека таа „целосно го изгубила умот“. Откако фотографиите се појавија во јавноста, неколку нејзини поранешни пријатели започнаа кампања да ја тргнат од улица, но не успеаја.
Наводно, Лони само се туширала и ручала во хотелот што и го платиле, а потоа се вратила на улица. Во краткото интервју за Дејли Мејл, таа тогаш изјави дека тоа и е прво туширање по една година. „Не се туширам намерно. Улиците се опасни, не сакам некој да ме силува“, рекла таа.
„Убаво живеам на улица, Лос Анџелес е богато место, луѓето фрлаат секакви работи и лесно можам да најдам храна во ѓубрето. Луѓето ми даваат пари, некои 20, некои 40 долари, и тоа ми е доволно“, рекла таа во тоа време. И денес, пет години подоцна, се чини дека Лони го живее истиот живот.
Што се случи?
Поранешниот модел доживеа нервен слом во 2016 година и оттогаш живее на улиците на Лос Анџелес . Според нејзините познаници, нејзиниот живот тргнал во надолна линија по разводот со Џереми Џексон во 2014 година. Таа не можеше да се помири со тоа, а нејзиниот поранешен сопруг не сакаше ништо да има со неа после тоа.
Тие беа во брак од 2012 до 2014 година, а се разведоа по серија тепачки под дејство на алкохол. Џереми го играше Хоби Бјукенон, синот на главниот лик Мич, во мегапопуларниот Baywatch.
Неговата поранешна девојка Синди Ковач претходно за американските медиуми изјави дека „едноставно не му е гајле“ за поранешната сопруга.