ФОТО | По долго време Ријана го промени имиџот и стана русокоса

Познатата пејачка Ријана на почетокот на кариерата експериментираше со различни стилови, често менувајќи ја должината и бојата на косата. Сепак, во последните години таа е верна на својата црна боја на коса, која сега реши драстично да ја промени.

Имено, пејачката од Барбадос се фотографираше со долга, руса коса која ги истакна нејзините зелени очи.

Ријана е забележана во Лос Анџелес во едноставна модна комбинација – крем палто и фармерки, а големо внимание привлече нејзината нова фризура.

И додека повеќето луѓе избираат поладни или потемни нијанси за есен и зима, Ријана отсекогаш го правела своето и поставувала нови трендови.

Пејачката на сцената се појави со црна, кратка коса во 2007 година, кога нејзиниот хит „Umbrella“ стекна светска популарност.

Таа ги воодушевуваше луѓето дури и како црвенокоса, но доби и бројни пофалби за прамените во боја на мед што ги носеше во 2013 година.

За потсетување, една од најбогатите пејачки и нејзиниот партнер АСАП Роки го добија своето второ дете, синот Риот Роуз Мајерс, во август оваа година, а парот го има и едноиполгодишниот син РЗА.

Ријана моментално паузира од својата музичка кариера и се посвети на мајчинството и претприемништвото.