ФОТО | РОНАЛДО ЗАСТАНА НА ‘ЛУДИОТ КАМЕН’ – Бразилецот го кажа судбоносното да со 14 години помлада манекенка: Ова е убавицата која му го украде срцето

Легендарниот Роналдо Луис Назарио де Лима, попознат како „вистинскиот Роналдо“, ја воодушеви светската публика со топката пред своите нозе, а познат е и како голем заводник надвор од теренот.

Оваа недела Бразилецот по четврти пат стапна на „лудиот камен“ и го кажа судбоносното да на својата 14 години помлада партнерка, сега сопруга Селина Локс. Атрактивната манекенка ужива голема популарност на социјалните мрежи, а само на Инстаграм ја следат нешто помалку од половина милион корисници.

Селина Локс

Селина Локс стана госпоѓа Роналдо на Ибица, каде што венчавката се одржа во кругот на семејството, а присуствуваа и фудбалските придружници на Бразилецот, па камерите го фатија Хулио Баптиста, кој со него ја делеше соблекувалната на Реал Мадрид.

Претходно Роналдо беше во брак со Милен Домингес, а потоа и со манекенката Даниела Цикарели, со која се ожени во француски замок, но се покажа дека нивниот брак не е валиден бидејќи не се разведоа од претходните партнери. Тие раскинаа поради неверство.

Неговата трета животна партнерка беше Беатрис Антони, од која се разведе во 2012 година. Останува да видиме дали славниот Бразилец ја најде четвртата среќа.