ФОТО | СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО КРАЛСКАТА ВРАТОВРСКА – Дали Чарлс III испрати “тајна“ порака ?

Изборот на вратоврската од страна на британскиот крал Чарлс III на конференцијата COP 28 во Дубаи поттикна шпекулации дека тоа е шифрирана порака наменета за премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, бидејќи кралската вратоврска имала шема заснована на грчкото знаме во време кога спорот меѓу британскиот и грчкиот премиер ескалираше поради скулптурите од „Партенон“ кои британската Влада ги однесе во Велика Британија пред повеќе од 200 години.

Бакингемската палата сугерираше дека изборот на кралската вратоврска е резултат на случаен избор на парче облека, пренесува BBC.

Кралот Чарлс на COP28
Крал Чарлс III

Извори блиски до британското кралско семејство истакнаа дека кралот Чарлс ја носел истата вратоврска на Sамитот COP 28 во Дубаи во петокот за време на состанокот со делегацијата на Јужна Кореја.

Истите извори тврдат дека вратоврската што ја носел кралот на средбата со премиерот Риши Сунак немала никаква врска ниту со Грција, ниту со дипломатскиот спор околу скулптурите однесени од Грција во Велика Британија.

Грчко-британскиот спор е дали скулптурите, познати и како Елгински мермери, мора да бидат вратени во Атина.

Инаку, во Велика Британија најмногу се зборува за новооткриените скандали на кралското семејство и лошите односи меѓу кралот и принцот Хари.