ШОК ВО МАДРИД – Играчите едвај чекаат Карло Анчелоти да си замине од “Кралскиот клуб“ !?

Чудни работи се случуваат во Реал Мадрид

Се уште не е познато каква судбина го чека Карло Анчелоти во Реал Мадрид, а се почесто се споменува дека би можел да ја преземе бразилската репрезентација.

Италијанскиот стручњак во последните денови изјави дека ќе почека до крајот, дека има доволно време да донесе одлука и дека има посебна наклонетост кон „Кралскиот клуб“, иако бразилската фудбалска федерација го чека по завршува сезоната.

Atletico тврди дека не е се совршено во соблекувалната на Реал Мадрид, наводно тројца играчи го посакуваат Карло Анлечоти што поскоро на новата позиција.

Се претпоставува дека станува збор за Бразилците, кои би сакале тој да ги води во репрезентацијата и заедно да се обидат да го освојат Светското првенство во 2026 година.

Винисиус, Родриго и Едер Милитао важат за играчи кои за разлика од останатите едвај чекаат Карло Анлечоти да си замине од Реал Мадрид бидејќи тоа би значело дека ќе ја преземе нивната репрезентација. Дополнително, нема да биде загуба доколку тоа не се случи и тој остане на клупата на Реал Мадрид.

Бразил ја чека титулата на Мундијалот од 2002 година, сега има одлична генерација, која конечно би можела да се искачи на светскиот трон.