ФОТО | Сите се прашуваат која е “мистериозната“ девојка која со “GUCCI“ шал стоеше директно позади Александар Вучиќ: Таа го привлече вниманието на јавноста по изборите, а е член на СНС само еден месец !?
Заедно со изборниот триумф на Српската напредна партија (СНС) на изборите во соседна Србија, вниманието на јавноста во регионот го привлече и една госпоѓа која стоеше на подиумот веднаш до Ана Брнабиќ за време на нејзиниот говор од изборниот штаб на партијата на Александар Вучиќ.
За неа се зборуваше денот по изборите, не само поради впечатливиот шал што го носеше околу вратот, туку и поради нејзиниот атрактивен изглед. Во прашање е Љубица Вранеш, солист на белградската опера, која во СНС се приклучила кон крајот на ноември месец годинава.
Која е Љубица Вранеш ?
Љубица Вранеш дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Белград, каде што и магистрирала. Таа освои прва награда, како и наградата за најдобар мецосопран на натпреварот „Никола Цвејиќ“, која и ја додели професорката Бисерка Цвејиќ, а ја освои и првата награда на меѓународниот натпревар „Петар Коњовиќ“.
Била член на ансамблот на Оперското студио на Народниот театар предводен од професорот Никола Китановски, а подоцна и во Оперското студио „Борислав Поповиќ“, предводено од професорката Радмила Бакочевиќ и маестро Дејан Савиќ.
Таа е активен член е на оперскиот ансамбл на Народниот театар од Белград. Настапуваше на концертите „Патот кон Белканто“ како и на многу концерти во Белград и низ соседна Србија.
Таа вели за српските медиуми дека сон на секој оперски пејач е да ја пее „Кармен“. Како што вели, „Кармен“ е необична сама по себе бидејќи не верува дека денес постои жена која размислува во својот живот и живее како тој лик.