ФОТО | Со Владимир Путин повеќе не го дели ниту истото презиме: Ова е новиот 20 години помлад сопруг на Људмила – живее луксузно на француската ривиера, а еве и со што се занимава
Порано живеела во Санкт Петербург и Москва, а сега живее во Бијариц – монденско одморалиште на француската ривиера.
Таа беше во брак со претседателот на Русија, Владимир Путин, 30 години, во кои добија две ќерки, а потоа се се промени. Таа се помалку се фотографираше со него, ретко се појавуваше во јавноста се додека руските медиуми не објавија дека Људмила и Владимир Владимирович Путин повеќе не живеат заедно.
Како гром од ведро небо, години подоцна се појави веста дека Људмила повторно се омажила и тоа за 20 години помлад маж, а светските медиуми имаа само една задача да утврдат кој е новиот сопруг на поранешната жена на Владимир Путин.
Кој е новиот сопруг на Људмила ? Артур Сергејевич Очеретни е роден на 29. март 1978 година, а во неговата биографија на Интернет можете да прочитате дека е претприемач. Тој го предводи Центарот за развој на интерперсонална комуникација, а исто така поседува и издавачка куќа. Во 2015 година се оженил со Људмила Путин, поранешна сопруга на рускиот претседател.
Две години подоцна, нововенчаната двојка се преселила во француската ривиера, во Бијариц. Додека живеел во Русија, Артур Сергејевич Очеретни имал компанија која организирала престижни настани за владејачката партија Единствена Русија и други големи компании и важни институции. Токму вака се сретнал со претставници на руската елита, меѓу кои била и првата дама на Русија, Људмила.
Дека рускиот претседател е разведен беше објавено во 2014 година во Кремљ за време на прекинот на една балетска претстава.
Од тој момент и разводот, Људмила живеела нелегално, дури и нејзиниот брак со Артур Сергејевич Очеретни бил во строга тајност! Секој што следел спорт во тие години знае дека Артур Сергејевич Очеретни учествувал во триатлонот „Ајронмен“, а меѓу неговите фотографии доминираат оние на велосипед.
Сепак, сè стана познато кога новинарите објавија дека Људима го сменила презимето и дека таа повеќе не е Путин, туку Очеретнаја. Приказната за нивниот стан и луксузот во кој живеат кога беше ставен на продажба потоа се појавија во медиумите, наводно во страв од проширување на санкциите против неа и нејзините ќерки, како што направија британските власти во Лондон.
Да потсетиме, Људмила и Владимир Путин се венчаа во 1983 година кога тој беше ниско рангиран разузнавач на КГБ во тогашен Ленинград, а денешен Санкт Петербург. Људмила тогаш работела како стјуардеса во руска авио-компанија. Таа го следела во Источен Берлин, каде што служел како разузнавач, за по падот на Берлинскиот Ѕид се враќаат во Русија со нивните две ќерки. Таа се трудела да не биде во центарот на вниманието покрај нејзиниот сопруг, тогашниот премиер на Русија, а одвреме-навреме можеше да се види на некои државни вечери и банкети во чест на посетите на други државници.
„Тешко е да се замисли, но во тоа време и двајцата се однесуваа како провинцијалци, прилично несигурни“, изјави во една прилика Нина Хрушчева, професорка по меѓународни односи во Њујорк и правнука на поранешниот советски лидер Никита Хрушчов, пишува Politico.
„Се сеќавам на нејзиното облекување… беше малку чудно… иако се обидуваше да ги ангажира најдобрите руски дизајнери“, се сеќава Нина Хрушчева.
Која е Људмила ?
Људмила е родена на Божиќ, 6. јануари 1958 година и е лингвист по обука. Дипломирала на Катедрата за шпански јазик. Таа го запознала Владимир Путин на музички концерт. Неколку години студирала и германски јазик, но веќе како мажена жена и мајка на две ќерки.