ФОТО | Јелена Ѓоковиќ ги шармираше сите со нејзиниот последен стајлинг на Вимблдон: Сопругата на Новак откри премногу и го покажа своето секси деколте – погледнете!
Сопругата на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ носеше уште една креација за која се зборува наголемо во магазините и на социјалните мрежи!
За време на натпреварот на Новак Ѓоковиќ против Хуберт Хуркач во рамки на Вимблдон, беше прекинат поради правилата во Лондон. Додека се одвиваше драмата на теренот, камерите ја снимаа атмосферата во ВИП ложата на Србинот и во таа прилика ја покажаа Јелена Ѓоковиќ во необичен изглед.
Фотографиите од сопругата на Новак Ѓоковиќ често го обиколуваат светот поради елегантните изданија во кои се појавува на свечености и јавни настани – пред некој ден беше „тема на денот“ поради кардиган од 1.000 евра, а сега поради белиот фустан што го откри нејзиното деколте и голи рамена.
Јелена Ѓоковиќ носела очила и капа заедно со ефективен фустан и го привлече вниманието на сите присутни не само поради својот изглед, туку и поради страсното навивање за својот сопруг.