ФОТО | Џо Бајден ги посети уништените рајски острови: Претседателот на САД пристигна на островот Мауи две недели по катастрофалниот пожар, а од некои граѓани доби и среден прст

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, пристигна на Мауи, речиси две недели по почетокот на катастрофалните пожари на тој хавајски остров во кои загинаа најмалку 114 луѓе.

Џо Бајден пристигна на кратка посета со сопругата, сакајќи да им понуди утеха на жртвите и да разговара со локалните власти.

Џозеф Бајден, Џо Бајден
Џо и Џил Бајден

Претседателот на САД изјави дека ќе биде со жителите на Мауи колку што е потребно додека не го обноват она што огнот го проголта.

Ќе видиме што е следно. Пред се, реконструкција, долгорочна. И тоа ќе го направиме заедно“, порача Џо Бајден, видно вознемирен по посетата на градот Лахаина, град кој беше најтешко погоден од пожарите.

Тој додаде дека ќе се погрижи гласот на луѓето да се слушне и дека ќе ги почитува локалните традиции.

Американскиот народ е со вас. Колку што е потребно, ние сме со вас“, порача тој во обраќањето до преживеаните, стоејќи до гувернерот Џош Грин, сенатор од Хаваи и претставник на Мауи во Конгресот.

Џозеф Бајден, Џо Бајден
Џо и Џил Бајден

Џош Грин му се заблагодари на Џо Бајден за помошта и порача дека помошта од федерално ниво дојде брзо.

Џо Бајден зборуваше покрај историско дрво кое беше оштетено, но го преживеа пожарот.

Верувам дека ова е моќен симбол за тоа што можеме и ќе направиме за да излеземе од оваа криза“, нагласи Џо Бајден.

Џо Бајден се присети на својата лична трагедија, сообраќајна несреќа во која ги загуби првата сопруга и помалата ќерка.

Тој кажа дека го знае чувството што го имаат луѓето на Мауи и дека – „тоа чувство во твоите гради е како нешто да те влече во црна дупка“.

Џозеф Бајден, Џо Бајден
Џо и Џил Бајден

Во Лахаина, која настрада најтешко, возилото во кое бил под придружба помина низ опожарени делови од градот.

Многу жители ги поздравија со гест со тупаница со кренат палец и малиот прст, што значи „Алоха“, што значи „Сè е во ред“ или „Благодарам“ на хавајски.

Voice of America пренесува дека некои од насобраните му покажале среден прст.

Џо Бајден беше критикуван од некои републиканци за неговиот одговор на шумските пожари во Мауи.

Џозеф Бајден, Џо Бајден
Џо и Џил Бајден

Џо Бајден кажа дека ќе даде финансиска помош за Хаваи, како и помош за секој што ќе ја побара.