ФОТО | Џулија Робертс по 20 години ја открива вистината за нејзината ‘најсрамна’ фотографија! Актерката стави крај на озборувањата, а многумина се уште се во неверување

Кога Џулија Робертс, толку одамна, прошета по црвениот тепих на премиерата на филмот „Nothing Hill“, настана шокантна фотографија која го обиколи светот и за која се зборува до ден денес.

Сите се сеќаваат на фотографијата на Џулија Робертс на која таа ја крена раката. Долгите влакна на пазувите го шокираа светот, а сето тоа се случи во 1999 година на премиерата на филмот „Nothing Hill“. Славната актерка носеше црвен фустан со кратки ракави, а кога во еден момент им мавна на публиката, ги запрепасти сите. Имаше бројни шпекулации, од кои повеќето се однесуваа на тоа дека актерката изразила одредена политичка позиција и зазела позиција на феминистка.

Феминистките сметаат дека растењето на „косата“ е заземање став и борба против наметнато верување дека жената не треба да има влакна никаде на телото, освен косата и веѓите. Некои дури помислија дека на нејзиниот тогашен партнер, Бенџамин Брет, ова всушност му се допаднало, па затоа и пораснале влакна на пазувите.

Џулија Робертс никогаш не ја коментирала оваа фотографија. Сепак, по повеќе од 20 години, таа реши да ја открие вистинската вистина, која можеби е поедноставна отколку што многумина очекуваа.

Сè, всушност, се случи сосема случајно. На премиерата на филмот ‘Nothing Hill‘ ги покажавте влакната под пазувите, но никогаш не објаснивте што сакавте да кажете со нив…“, прашала новинарката за време на едно интервју.

Едноставно не ја проценив добро должината на ракавите, заборавив дека ќе треба да мавтам и на тој начин открив приватен детал за себе. Тоа не беше политичка порака“, открила Џулија Робертс.

Има многу познати личности кои се залагаат за влакната под пазувите, но ниту една досега не добила толку критики како Џулија Робертс.