Франција е „за“ членството на Украина во НАТО

– Министерката за надворешни работи на Франција, Катрин Колона, истакна дека суверените држави имаат право слободно да ги избираат своите сојузници и дека поради оваа причина се за членство на Украина во НАТО.

Колона имаше свое обраќање на отворањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО што се одржува во норвешкиот главен град Осло.

Таа информира дека главна тема на средбата ќе биде војната помеѓу Украина и Русија и нагласи дека земјите од Алијансата мора да бидат стабилни и одговорни во однос на украинското прашање.

Колона истакна дека земјите треба да им дадат приоритет на нивните безбедносни обврски кон Украина.

„Мора да потсетам на едноставен меѓународен правен принцип, како што е правото на сите суверени држави слободно да ги избираат своите сојузници“, додаде Колона.

Како што изјави, на состанокот ќе разговараат и за членството на Шведска во НАТО.

Таа рече дека членството на Шведска, не останувајќи само како набљудувач, ќе ја зајакне безбедноста на Европа, исто како и во случајот со Финска.

Mинистерката Колона истакна дека на дневен ред на средбата се и тензиите на северот на Косово и дека за случувањата одговорни се и косовската и српската страна.

Страните мора „да се однесуваат одговорно“ доколку сакаат да ѝ се придружат на Европската Унија (ЕУ), рече Колона, која ги повика страните „што поскоро да се вратат на преговарачката маса за да обезбедат мир“.