Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на дополнителни седум илјади војници за зајакнување на безбедносните патроли, соопшти денеска неговиот кабинет, еден ден откако наставникот беше избоден до смрт во напад. Франција е во состојба на готовност од петокот, откако 20-годишник со нож до смрт усмртил наставник и тешко повредил уште двајца во северниот француски град Арас.
Кабинетот на Макрон објави дека војниците ќе бидат мобилизирани до понатамошно известување како дел од постоечката операција за патролирање на големите градови и туристичките дестинации.