Француски VOG ја вклучи Џејла Рамовиќ меѓу најдобро облечените на фестивалот во Венеција (фото)

Пејачката Џеја Ремовиќ се појави на црвениот тепих во Венеција во рамки на 80-тото издание на Филмскиот фестивал, на покана од тимот на Armani Beauty. По тој повод Џејла носеше креација на познат српски бренд, а нивни креации ги носеше и во последниот спот за песната „Кazamat“.

Џејла носеше светло розев комбинезон без ракави со цветни детали.

Францускиот VOG, како едно од највлијателните списанија во светот на модата, ја вклучи Џејла на листата на најдобро облечени жени на Фестивалот. Тие избраа 71 модно издание кое привлече најголемо внимание, а покрај Џејла, на листата се најдоа и Адријана Лима, Бела Торн и многу други светски ѕвезди.

Џејла Рамовиќ се здоби со популарност на почетокот по победата на натпреварот „Neki novi klinci“, а потоа убедливо победи во тринаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во 2019 година, каде Марија Шерифовиќ беше нејзин ментор.