Фрањо, дај ми ја ракијата! Во филмот ,,Титаник” се слуша српски јазик ама и сочна пцовка која на крајот сепак беше избришана (видео)

26 години откако го освои светот, филмот „Титаник“ повторно е во центарот на вниманието поради подморницата која се изгубила во Атлантикот во која имало пет луѓе кои сакале да го видат потонатиот брод.

„Титаник“ е дефинитивно еден од најпознатите филмови во историјата со неверојатни 11 Оскари, а неговиот режисер Џејмс Камерон внимавал на сите детали. Тој се спушти до потонатиот брод 33 пати во својот живот и даде сè од себе за да го прикаже патувањето на Титаник што пореално.

Во еден момент од филмот се користеше и јазикот на овие простори, веројатно заради кредибилитет, бидејќи некогаш на Титаник пловеа луѓе од Србија и Хрватска.

“Frano, donesi rakije, je*ote”

Меѓу избришаните сцени од филмот Титаник е и сцена на која се прикажани патници од трета класа. Додека Италијанецот Фабрицио и Хелга се во преден план, во позадина се слуша женски глас кој на наш јазик вели: „Фрањо, донеси ја ракијата, по ѓаволите“.

Сцената е отстранета во финалната верзија на филмот, а можете да ја видите во клипот во полето за текст во минута 6.43.