Фудбалер имал секс со девојка, таа починала по 4 срцеви удари! Полицијата: Оваа смрт е смсомнителна…

Бразилскиот фудбалер Димас де Оливеира (18) кој настапува за екипата на Коринтијанс до 20 години е под истрага за смртта на девојката со која имал сексуални односи!

Де Оливеира била со една година постарата Ливија да Силва во нејзиниот стан, имале секс кога и’ се слошило и во меѓувреме доживеала четири срцеви удари.

Фудбалерот повикал брза помош и рекол дека Ливија се онесвестила, но кога стигнале на местото на настанот ја затекнале тинејџерката како крварела од вагината. Докторот на крајот му кажал на нејзиното семејство дека нејзината смрт била предизвикана од четири срцеви застој и загуба на крв од исекотина од пет сантиметри во вагината.

Како што пренесуваат светските медиуми, Ливија го добила првиот срцев удар на лице место, еден во возилото до болница, а потоа уште два кога пристигнале – што бил фатален исход.

Се тврди дека фудбалерот и несреќната девојка не консумирале алкохол и дрога, а полицијата извршила претрес во станот и пронашла само електронски цигари. Сепак, смртта ја третираат како сомнителна.

Двојката се запознала пред два месеци преку Инстаграм, а Де Оливеира изјавил дека на Ливија и’ се слошило откако испушила две цигари.