ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО НЕВЕРУВАЊЕ – На Манчестер Сити и Челзи им се заканува исклучување од Премиер Лигата !?

Доколку се докаже дека Манчестер Сити и Челзи ги прекршиле финансиските правила, за кои постојат сомнежи, би можеле да бидат исфрлени од Премиер Лигата!

Оваа вест дојде набргу откако на Евертон беше потврдена казната со одземање на десет бода поради кршење на финансискиот фер-плеј. Сега Манчестер Сити и Челзи се под лупа и се вели дека оваа информација ја потврдил поранешниот советник и адвокат на „Граѓаните“, Стефан Борсон.

Казната за Евертон ми изгледа сурова, но тоа значи дека санкциите кон Манчестер Сити и Челзи може да се зголемат, под услов да се докаже. Тоа потенцијално може да предизвика испаѓање“, изјави Стефан Борсон.

Манчестер Сити се соочува со 115 обвиненија за прекршување на финансиските правила на Премиер Лигата, додека Челзи наводно имал неправилности во плаќањето поврзани со поранешниот сопственик Роман Абрамовиќ.