Барселона двапати по ред загуби во Ла Лига за првпат од 2021 година

 – Барселона претрпе два порази во низа. Избраниците на Чави синоќа на гости загубија од Ваљадолид со 3:1 во 36. коло од Ла Лига. Минатото коло беше поразена од Реал Сосиедад со 2:1.

Каталонците претрпеа два пораза во низа во шампионатот на Шпанија за прв пат од октомври 2021 година. Тогаш тие беа поразени од Реал и Рајо Ваљекано.

Во преостанатите два натпревара оваа сезона во Ла Лига, Барселона ќе се соочи со Мајорка и Селта Виго.

Каталонскиот фудбалски великан ја има обезбедено шампионската титула.