„Синко, што ни направи, нè зави во црно!” Таткото на момчето-убиец во тешка психичка состојба, откриено е како ги минува деновите во затвор

Таткото на момчето (13) кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ е во тешка психичка состојба во притворското одделение, не комуницира со другите затвореници, ниту со персоналот во Централниот затвор и во очај само спомнува што направил неговиот син.

– Надлежните во Централниот затвор се свесни дека таткото на Коста е во многу тешка состојба и го држат под поголем надзор за разлика од другите притвореници. По цел ден седи во ќелијата и гледа во подот, како постојано да ги репродуцира сцените од масовното убиство на неговиот син во училиште и да тоне сè подлабоко во очај. Секогаш кога ќе успее да каже нешто, само мрмори: „Синко, што направи, ни ги уништи животите, што ќе правиме сега, нема живот за нас. Нема ништо. Проклето стрелиште и пушки.. “ – вели добро информиран извор.

Изворот додава дека освен целосна безнадежност, го ,,јаде” и огромен срам.

-Знае дека за него и за неговиот син зборува цела Србија, но и цел Балкан и дека нема оправдување за направеното зло. Затоа одлучил да не разговара со никого, бидејќи смета дека зборувањето за тоа и слушањето туѓи коментари би ја влошило неговата состојба уште повеќе – објаснува изворот.

Првото основно јавно обвинителство во Белград вчера по службена должност започна истрага против мајката на момчето со цел да се утврди дали има елементи на кривичното дело запуштање и негрижа на малолетно лице.