ТОТАЛЕН ШОК ВО СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ – Ова е најголемата казна во историјата на Премиер Лигата: Одземени 10 бода не познат клуб

На Евертон привремено му се одземени 10 бода во тековната сезона поради непочитување на финансискиот фер-плеј.

Причината е огромна финансиска загуба од 372 милиони фунти за три години, што е за 250 милиони фунти повеќе од дозволеното.

Клубот беше шокиран од казната и најави жалба, бидејќи ова е најстрогата казна во историјата на Премиер Лигата.

Што се однесува до табелата – тоа значи дека Евертон се израмнети на последното место со Барнли. И ќе биде многу тешко да се стигне до средината на табелата каде што беа пред оваа сурова казна.