Халанд се врати! Со два гола го предводеше Сити до победа, а Челзи е во голема криза

Попладнево се одиграа пет натпревари од 20. коло во англиската Премиер лига, а Манчестер Сити стигна до втората последователна победа откако го совлада Вест Хем на „Етихад“.

Граѓаните денеска беа сигурни и со покер голови во мрежата ги испратија „чеканите“ дома, а резултатот беше 4:1.

Сити поведе по десет минути игра, кога Савињо шутираше, а топката го погоди Куфало и го измами голманот на Вест Хем, Ареола и заврши во мрежата за 1:0.

Во финишот на првото полувреме погоди и Ерлинг Халанд кој во 42. минута зголеми на 2:0. Тоа е втор меч по ред на кој Норвежанецот постигнува гол и се чини дека конечно проработи.

Вториот гол на денешниот натпревар Халанд го постигна во 55. минута кога погоди за 3:0, а прашањето на победникот три минути подоцна го реши Фил Фоден кој израмни на 4:0.

Вест Хем постигна утешен гол на дваесетина минути пред крајот на натпреварот, кога Фулкруг погоди на центаршутот на Соучек за 4:1.

Лондонски Челзи остана во криза, кој од гостувањето кај Кристал Палас се врати со само еден освоен бод, бидејќи натпреварот заврши 1:1.

Долго го водеше Челзи со голот на Кол Палмер во 14. минута, но Палас израмни во 82. минута преку Жан Филип Матета, кој ги постави конечните 1:1.

Тоа е четврти меч по ред во кој Челзи нема победа и со тоа останува на четвртото место со 36 бодови и е се поблиску до испаѓање од Топ 4.

Сити со новите три бода стигна до вкупен скор од 34 бода и сега е на петицата на Челзи.