Хамас ослободи уште две лица кои беа заробени во нападот на југот на Израел

Бригадите Ал-Касам на Хамас ослободија двајца затвореници од Газа по посредство на Катар и Египет, изјави портпаролот Абу Обаид.

Двајцата затвореници се Нурит Јицак и Јохевед Левшиц, се вели во соопштението објавено на каналот Телеграм на бригадата Ал Касам.

Абу Обаида рече дека станува збор за двајца затвореници кои групата се обидувала да ги ослободи од петокот, но Израел наводно одбил да ги прифати.

Решивме да ги ослободиме од хуманитарни и медицински причини“, се вели во соопштението.

Според израелските проценки, Хамас држи повеќе од 200 луѓе во заробеништво во Газа, а околу 50 лица имаат двојно државјанство. Исто така, Хамас излезе со тврдења дека некои од затворениците биле убиени во израелски воздушни напади.