Холандија поддржува независна палестинска држава

Холандскиот премиер Марк Руте денеска изјави дека неговата земја е посветена на независна и безбедна палестинска држава.

– Холандија е посветена на независна и безбедна палестинска држава, покрај безбеден Израел – напиша Руте на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека Израел треба да направи сè за да спречи цивилни жртви во нападите врз Појасот Газа.

Тој изјави дека разговарал со палестинската заедница во Холандија, додавајќи дека овие луѓе се многу загрижени за невините жртви и хуманитарната ситуација во Газа.