Холандската полиција заплени 7,7 тони кокаин

Холандската полиција заплени 7,7 тони кокаин во Блајсвајк, село северно од Ротердам и приведе шест лица.

Холандската полиција вчера соопшти дека уапсила шест мажи северно од Ротердам, откако истовариле најмалку 7,7 тони кокаин од камион со банани.

Камионот со дрога го забележала царината во Антверпен, која потоа ги известила своите холандски колеги.

-Приведените се тројца Холанѓани на 41, 49 и 60 години и двајца Белгијци на 21 и 48 години, додаде холандската полиција, нагласувајќи дека не може да ја исклучи можноста за други апсења.

Холандската царина неодамна извести дека запленила повеќе од 29.702 килограми дрога во првата половина на 2023 година, што е повеќе отколку во истиот период минатата година (22.009 килограми).