Меси станa најдобар стрелец во историјата на квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка

 Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси постигна два гола утринава во квалификацискиот натпревар (2:0) за СП 2026 против Перу. Головите ги постигна во 32. и 42. минута.

Триесет и шестгодишниот Аргентинец стана најдобар стрелец во историјата на квалификациските турнири за Светското првенство во Јужна Америка (31 гол). Тој во оваа статистичка категорија го надмина Уругваецот Луис Суарез.

Во светот, Меси е четврти по ефикасност. Пред него се Карлос Руиз од Гватемала (39 гола), Кристијано Роналдо од Португалија (38) и Иранецот Али Даеи (35).

Аргентина по четири кола има максимални 12 бода и е на првото место пред Уругвај, Бразил и Венецуела со по седум бодови.