Холандскиот голман имаше среќа, но колегите немаа: Едниот одбрани пенал, па почина, другиот настрада по судир со соиграч! (фото/видео)

Хорор сцената во која голманот на РКЦ, Етјен Васен остану да лежи на натпреварот против Ајакс, го обиколи светот.

Васен се судрил со Брајан Броби, но со брзата интервенција на лекарскиот тим бил пренесен во болница, имал среќа и сега е стабилен.

Холанѓанецот преживеа, но некои негови колеги во минатото не го преживеаја тоа и имаше голмани кои загинаа по инцидентите на теренот.

На 5 септември 1931 година, шкотскиот голман Џон Томсон беше убиен во големото дерби во Глазгов помеѓу неговиот Селтик и Ренџерс. Томсон се судри со противнички играч и остана да лежи на тревата, му беше укажана помош, но немаше начин да го спаси.

Шкотланѓанецот почина пред повеќе од 40.000 гледачи и на овој начин влезе во историјата, а навивачите на двата клуба се уште го паметат.

Пред шест години трагична вест ни стигна и од Индонезија, кога голманот на Персела, Коирул Худа, по судир со соиграч, остана да лежи на тревата, а малку подоцна почина во болница.

Вознемирувачкото видео го обиколи светот, а голманот кој во моментот на трагедијата имал 38 години не можел да се спаси.

Последната во низата големи трагедии се случи годинава во Белгија. Арне Еспел, голманот на нисколигашот Винкел Спорт, почина во игра откако одбрани пенал.

– Го одбрани пеналот, се обиде брзо да стане за да ја фати топката, но потоа колабираше. Ужас – изјави помошниот тренер на тимот Стефан Деверкин.

Работата да биде уште полоша, помладиот брат на Арне, Арон (20) тогаш се врати во тимот по неколку недели надвор од теренот поради повреда и од клупата ја гледаше смртта на својот брат.

– Ова е катастрофа и шок за сите. Арне беше во клубот цел живот и беше многу сакан. Беше одлично момче, секогаш расположен и подготвен да помогне. Ова е тежок удар, прво за неговото семејство, па за целиот клуб – изјави Патрик Ротсер, директор на Винкел.