Мисијата на ММФ почнува серија средби во Украина

 – Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска со владини и други украински претставници почнува серија состаноци во Украина на кои ќе се разговара за целите и предизвиците од владината политика, изјави претставникот на ММФ за оваа земја, Вахрам Степанјан, цитиран од британските медиуми.

Украинската економија тешко настрада откако Русија во февруари 2022 година ја почна својата инвазија врз земјата, а властите во голема мера се потпираат на помошта од западните земји за финансирање на неопходните социјални и хуманитарни исплати.

ММФ минатата недела посочи дека неговата мисија го почнува вториот преглед на повеќегодишната кредитна програма од 15,6 милијарди долари за Киев.

Четиригодишната програма е дел од глобалниот пакет од 115 милијарди динари за поддршка на украинската економија.

Според владата во Киев, украинските бизниси се прилагодиле на воената реалност и економијата годинава закрепнува побрзо од очекуваното.