ХОРОРОТ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ АВСТРИЈА – Мајка си ги убила своите две деца, полицијата е во шок, а цела држава зборува за тоа што таа кажала во ќелијата…
Откако минатиот понеделник мајка си ги уби своите две деца во областа Абсдорф кај Тулн во провинцијата Долна Австрија, 36-годишната жена, медицинска сестра и логопед, ги шокирала дури и криминалистите со своите монструозни изјави, пишува австрискиот весник Kronen Zeitung.
Органите на прогонот во Австрија утврдиле дека таа удавила две девојчиња на возраст од 7 месеци и 7 години во базенот во дворот од семејната куќа.
„Додека ги опишува убиствата, мајката се однесува како да е мртва, а со нејзините очи гледа само во една точка“, пишуваат австриските медиуми, цитирани од весникот Kronen Zeitung.
„Децата беа смислата на мојот живот“, наводно повторувала таа одново и одново во ќелијата на одделот за судска психијатрија. Откако ги усмртила своите деца, таа рекла дека „се спасила“, а објаснила и како давењето се случило доста брзо.
Страшното злосторство, кое го извршила полудена и наводно ментално болна мајка, го снимила видео камера поставена во семејната куќа.
Откако ги убила, 36-годишната жена ги извадила децата од базенот, ги завиткала во крпи и ги однела во креветчињата да „спијат“. Потоа преку апликацијата WhatsApp му испратила порака на својот сопруг: „За жал, не успеав“. Кога сопругот се обидел да ја добие на мобилниот телефон, таа веќе влегла во автомобилот и удрила во дрво, со намера да си го одземе животот.
Мајката наводно боледувала од постпородилна депресија и била подложена на психијатриско лекување.
„Нејзиниот чин ми е целосно неразбирлив. Претпоставувам дека во овој случај се работи за акутна ментална болест. Во ќелијата постојано мрмори дека животот нема никаква смисла затоа што светот е бездно лош“, рекол адвокатот на жената-монструм.
Австриските медиуми јавуваат дека мајката освен психички проблеми имала и сериозни финансиски проблеми со враќање на кредит кој го подигнала за изградба на куќа со базен и уредување на приватна амбуланта за логопед во рамките на куќата.