ХОРОР ВО ИТАЛИЈА! Малолетен ученик со нож ја ранил професорката и им се заканил на сите: “Ќе ве убијам!“

Кога професорка по историја му најавила дека ќе го испраша, 16-годишен ученик во средно училиште во предградието на Милано ја нападнал жената одзади и ја избодел со нож!

Ученикот потоа, мафтајќи со пиштол (играчка) почнал да се заканува, викајќи: „Ќе ве убијам сите!“, пишуваат тамошните медиуми.

Сè изгледаше како сцена од хорор филм. Ученикот, кој оставал едно одделение, годинава ги подобри сите оценки, освен историја. И кога професорката рекла дека ќе го казни, тој од ранецот грабнал нож и пиштол, како да треба да заврши некоја мисија. Ја прободел несреќната жена во раката, во рамото, без да ја предупреди и без да каже збор, воопшто не бил вознемирен, како да нема емоции“, раскажале сведоците на настанот за локалните италјански медиуми.

Децата биле во шок, некои успеале да побегнат од училницата, некои се сокриле под клупата, а додека некои ја превртеле клупата за да се заштитат.

Кога професорката излезе надвор, се забарикадиравме во училницата, ги турнавме клупите на вратата. Се прошири паника, надвор слушнавме стенкање, професорката крвареше…“, изјавил еден од учениците.

Епилогот од хаосот во Милано е дека нападнатата професорка била оперирана и дека нејзиниот живот не е во опасност, а ученикот е сместена на одделот за психијатрија во клиниката „Сан Карло“ во Милано. Какви мерки ќе преземат против него сега ќе утврдува обвинителството за малолетници.

Има само еден ист заклучок по бројните алармантни случаи на напади од ученици врз професори и нарушени односи меѓу учениците: ковид-кризата, изолацијата, учењето на далечина, создаде раздор и целосно нарушени односи во училиштата, како со професорите, така и во меѓусебните односи на учениците.

На ист став е и министерот за образование Џузепе Валдитара, поради што најави дека во Собранието ќе се расправа за воведување психолози во сите училишта, како и за психијатриска поддршка.

Во последните три месеци 40 професори биле нападнати во италијанските училишта, најмногу во Ломбардија. Едно од пет училишта морало да побара помош од социјалните служби, бидејќи училиштата станале боишта.

Учениците покажуваат агресија на различни начини, од вербални до физички напади, фрлање предмети кон претпоставените, закани со тупаници по лицето, дури и држејќи ги рацете по телото. За жал, родителите не ја гледаат својата вина во сето тоа, но се повеќе од нив имаат остри зборови на обвинување, па дури и тие се агресивни кон професорите.