ХОРОР ВО КОСОВО: Убиено дете (5) со огнено оружје!

Немало начин да се спаси детето.

Петгодишно дете почина во Вучитрн од повреда за која постои сомневање дека е предизвикана од огнено оружје, соопшти портпаролот на т.н. на косовската полиција за регионот на Косовска Митровица, Авни Заити.

– Пријавено е дека во болницата во Вучитрн било донесено петгодишно дете заради укажување лекарска помош. Лекарите соопштија дека детето починало како последица на повреди за кои постои сомнение дека се предизвикани од огнено оружје. Според првите информации од истрагата, инцидентот се случил во дворот од куќата – изјави синоќа Заити.

Според неговите зборови, на лице место биле пронајдени и одземени чаура и пиштол .