84-годишен маж и неговата 74-годишна сопруга се пронајдени мртви во нивната семејна куќа во нишкото село Рујник.
Телата на несреќната брачна двојка, кои биле пеплосани, вчераутро ги пронашле пожарникарите откако го локализирале пожарот кој исто така избувнал во нивниот дом.
Иако нема прецизни информации како избувнал пожарот кој ја чинел смрт брачната двојка, постои сомневање дека се работи за свеќа бидејќи во нивната куќа немало струја.
Од полицијата потврдија дека во пожарот загинале две лица и дека нема сомнителни околности што би укажувале дека сопружниците биле жртви на кривично дело.