Хорор за Русите! Ако ова е вистина, доаѓа голем пресврт! Полковник Гросберг: Украина е на прагот на пробив!

Украина е на прагот да постигне голем пробив во својата контраофанзива, изјави шефот на естонската разузнавачка служба.

– Украинскиот притисок почнува да ги оптоварува деморализираните руски линии на фронтот и тие наскоро би можеле да се пробијат – рече полковникот Марго Гросберг, посочувајќи дека украинските војници ги уништиле руските командни пунктови и напредувале околу Бахмут.

Полковникот Гросберг, исто така, укажа на поплаките на руските генерали за недостатокот на резерви за ротирање на исцрпени војници и растечкото несогласување во руската армија.

– Сето ова покажува дека Украинците се блиску до голем успех – изјави тој за естонските медиуми.

Да потсетиме дека оваа недела руската армија го разреши генералот Иван Попов, откако тој се пожали дека неговите луѓе се исцрпени.

Пред тоа, крстаречка ракета на украинските сили уништи руска командна станица во пристанишниот град Бердјанск.